
Шкендија продолжи со победничкиот ритам во ПМФЛ, совладувајќи ја Македонија ЃП со 1-3 на гостински терен. Тренерот Јетон Беќири беше задоволен од триумфот и играта на своите фудбалери, но жестоко реагираше на катастрофалните услови за игра.
„Не е можно во Прва лига да се игра на ваков терен – висока трева, дупки што го загрозуваат здравјето на фудбалерите. Мора надлежните да реагираат“, порача стратегот на тетовци, кој откри дека морал да направи замена поради повреда на играч.
Покрај одличниот старт во лигата, Шкендија ја очекува и големиот европски предизвик – плејофот во Лига Европа против Лудогорец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal
