Connect with us

Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго

Реал Мадрид има едно слободно место во првиот тим, но пред да донесе нови засилувања мора да се ослободи од дел од играчите. Најсериозен кандидат за заминување од „Сантијаго Бернабеу“ во моментов е бразилскиот крилен напаѓач Родриго.

Тренерот на „кралскиот клуб“, Чаби Алонсо, не го гледа Родриго како водечка фигура во тимот. Очекувањата се Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор, Гонсало Гарсија и Франко Мастантонуо да добиваат предност пред него, што ја зголемува можноста за трансфер.

Голем обожавател на 24-годишниот Бразилец е менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. Англискиот шампион веќе стапил во контакт со претставници на играчот и подготвува стратегија, но под еден услов. Сити ќе бара ново крило само ако Савињо потпише за Тотенхем.
Лондонскиот клуб веќе испрати понуда за 21-годишниот фудбалер, која беше одбиена, но се очекува наскоро да се врати со подобрени услови.

Според информациите, токму Родриго е играчот за кого Сити ќе испрати конкретна понуда, а темата веќе се разгледува во клупските канцеларии на „Етихад“.

Реал Мадрид е подготвен да го продаде Бразилецот, но не по секоја цена. Се верува дека клубот го вреднува на околу 100 милиони евра – сума што би можела да биде преголема за Сити со оглед на веќе направените трошоци во овој трансфер-период.

Останува да се види дали Родриго ќе го напушти „Бернабеу“. Манчестер Сити важи за фаворит, но интерес за него имаат и Арсенал, Ливерпул и Тотенхем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови