
Во второто коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Силекс добива службена победа од 3-0 бидејќи Шкупи не успеа да обезбеди терен за одигрување на натпреварот.
Проблемот се јави поради тоа што стадионот во Чаир не ги исполнува условите за натпревари од ПМФЛ, особено по воведувањето на ВАР-технологијата. Откако раководството на Шкупи не најде соодветно решение, ФФМ го регистрира дуелот како службена победа за Силекс.
Незадоволството кај навивачите на некогашниот шампион е големо, а клубот преку соопштение ги објасни случувањата во претходните денови и најави правни чекори:
Клубот постигнал договор со сопствениците на стадионот во Струмица за одигрување на натпреварот и добил писмено одобрение.

По ова го известиле и ФФМ, а натпреварот бил официјално заведен.
Сепак, во последен момент сопствениците на стадионот го повлекле одобрението, создавајќи непотребен проблем.
„Од оваа причина ФК Шкупи ќе ја бара правдата на суд и ќе ги следи сите законски процедури. Што се однесува до нашиот стадион, веќе започнаа работите за поставување на ВАР системот. Следниот домашен натпревар планираме да го одиграме пред вас – нашите сакани навивачи“, стои во соопштението на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
