
Раководството на Штутгарт категорично соопшти дека Ник Волтемаде ќе остане во клубот и во новата сезона, и покрај интересот на Баерн Минхен.
„Сагата е завршена – Ник ќе игра за Штутгарт и во следната сезона. Ова го соопштивме уште во средата“, изјави извршниот директор Александер Верле за „Скај Германија“, пред почетокот на натпреварот за Суперкупот на Германија, кој Баерн го доби со 2-1.
Спортскиот директор Фабиан Волгемут беше подеднакво јасен:
„Фактите се јасни – приказната е затворена и Ник Волтемаде останува наш играч.“
Сепак, од Баерн Минхен не ја затвораат вратата целосно. Шефот за спортската политика на Баерн, Кристоф Фројнд, потсети дека трансфер прозорецот останува отворен до 1 септември.
„Сè е можно до последниот ден од преодниот рок“, изјави Фројнд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal
