
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, со големи пофалби зборуваше за новото засилување Тијани Рејндерс по неговата блескава партија во победата од 0-4 над Вулверхемптон.
Холанѓанецот, кој летово пристигна од Милан, ја започна Премиер – лигата со гол и асистенција, а и во пријателскиот натпревар со Палермо (3-0) остави одличен впечаток.
„Тијани одигра извонредно. Тој е тип на играч каков што ни е потребен во Премиер – лигата. Неверојатно, огромно засилување за нас. Неговата работна етика, позиционирањето како дефанзивен играч за врска, чувството за простор, движењето со топката и желбата да се приклучува во нападот – навистина сум презадоволен“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити и Рајндерс ќе се обидат да го продолжат одличниот старт следната сабота, кога на „Етихад“ ќе го пречекаат Тотенхем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal
