Connect with us

Критиките не престануваат: Барселона даде гол додека противнички играч осум секунди лежеше неподвижен на теренот (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Шпанија, Барселона, ја отвори одбраната на титулата со сигурна победа од 0-3 на гостувањето кај Мајорка. Сепак, вториот гол на каталонците во 23. минута ја засени радоста и предизвика бурни реакции кај фудбалската јавност.

По ударот на Ламин Јамал, топката силно го погоди капитенот на Мајорка, Антонио Раилјо, директно во глава. Фудбалерот веднаш падна на тревникот и осум секунди лежеше неподвижно, но судијата Хосе Мунуера не го прекина натпреварот. Во продолжение на акцијата, Феран Торес ја зголеми предноста на 0-2, додека играчите на домаќинот со подигнати раце бараа прекин.

Иако дел од јавноста ја обвини Барселона дека не ја исфрлила топката во знак на фер-плеј, вината најмногу се става на судијата. Според правилата на УЕФА, арбитарот мора веднаш да го запре натпреварот при удар во глава, но Мунуера, и покрај тоа што веќе ја стави свирката во уста, сепак дозволи акцијата да продолжи.

Иако голот немаше директно влијание врз конечниот исход, во Шпанија веќе се отвори сериозна дебата која ќе трае со месеци.

Во следното коло Барселона повторно ќе гостува, овојпат кај Леванте, додека Мајорка останува домаќин и ќе ја пречека Селта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови