Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, беше задоволен по победата на неговиот тим со 2-1 над Штутгарт и освојувањето на Суперкупот „Франц Бекенбауер“.
„Овој трофеј има огромно значење затоа што го носи името на Франц Бекенбауер – за Баерн тоа секогаш ќе биде нешто посебно. Никогаш не е лесно да се игра во Штутгарт, но покажавме карактер и успеавме“, изјави Компани по натпреварот.
Иако призна дека подготовките за сезоната биле кратки, белгискиот стратег смета дека тимот добро се справил:
„Секако дека би сакале подолга подготовка, но нема смисла да се жалиме. Нашата цел беше да почнеме со трофеј – и тоа го постигнавме. Ова е само првиот чекор.“
Во однос на трансферите, Компани нагласи дека неговата работа е насочена кон подготовка на тимот.
„Јас треба да се погрижам екипата да биде подготвена за натпреварување. За останатото постојат различни сектори во клубот кои работат да го дадат најдоброто за составот“, истакна Компани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













