Летниот трансфер период сè уште не е затворен, а се подготвува вистинска бомба на релација Мадрид – Лондон. Реал Мадрид и Арсенал, два европски гиганти, разгледуваат спектакуларна размена на фудбалери.
„Кралевите“ минуваат низ еден од највозбудливите летни преодни рокови во последните години, откако ги донесоа Трент Александер-Арнолд, Франко Мастантуоно, Дин Хујсен и Алваро Карерас. Од другата страна, Арсенал се засили со Виктор Ѓокереш, Мартин Зубиманди, Нони Мадуеке и Кристијан Москера.
Но, активностите не застануваат тука. Според „Марка“, на маса е голема размена: Вилијам Салиба би се преселил во Реал Мадрид, а Родриго би завршил во Арсенал.
Ваквиот развој не изгледа неверојатен – Реал одамна го следи францускиот стопер, додека Арсенал одамна има око за бразилското крило. Дополнително, Мадрид бара лидер во срцето на одбраната, а во Лондон се појавија сомнежи околу Габриел Мартинели како прво решение на левата крилна позиција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













