
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно е во центарот на трансфер шпекулациите, а можен е вистински бум на крајот од преодниот рок – неговa преселба во Премиер – лигата. Според најновите информации, Вест Хем го има Елмас на врвот на листата за засилувања.
Иако Наполи би сакал повторно да го врати во своите редови, „партенопеите“ не се единствени во трката. „Чеканите“ се подготвени да ја преземат предноста и за разлика од Италијанците, да ја исполнат целата финансиска побарувачка на Лајпциг.
Лондонскиот клуб бара креативец во средниот ред, а токму поливалентноста на Елмас, неговата способност да покрива повеќе позиции – е голем плус.
Во меѓувреме, македонската ѕвезда одбила примамлива понуда од Бешикташ вредна 5 милиони евра по сезона. Наместо тоа, неговиот фокус останува на Серија А или англиската Премиер – лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул му понуди нов договор на Конате
