
Еберечи Езе ја информирал управата на Кристал Палас дека сака да направи трансфер во Тотенхем. Англискиот рпрезентативец веќе рекол „да“ за проектот на Тотенхем и очекува клубовите да постигнат договор за отштета.
Откако неговата клаузула од 68 милиони фунти истече во петокот, сега Кристал Палас има целосна контрола врз исходот на преговорите.
Желбата на Тотенхем да го доведе Езе дополнително е засилена поради повредата на Џејмс Медисон. Новиот менаџер Томас Франк потврди дека клубот работи „без пауза“ на трансферите.
Во меѓувреме, стратегот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, изјави дека и Еберечи Езе и Марк Гехи тренираат со тимот и ќе бидат подготвени за дербито со Челси.
Арсенал се поврзуваше со Езе претходно, но сега Тотенхем важи за апсолутен фаворит. Лондончани паралелно ја туркаат и опцијата за Савињо од Манчестер Сити, иако првата понуда беше одбиена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal
