Раководството на Интер се измори од одолговлекувањето околу трансферот на Лукман од Аталанта, па Бепе Марота ја сврте насоката кон нова опција.
„Нероаѕурите“ се заинтересирани за Ману Коне од Рома, 24-годишен Французин со одлична техника и физикус (185 см). Во клубот веруваат дека тој може да биде голема инвестиција за иднината и играч кој ќе донесе и спортски и финансиски профит.
Рома за него бара 40 милиони евра.
Французинот својата кариера ја започна во Тулуз, а во јануари 2021 година се пресели во Борусија Менхенгладбах за 9 милиони евра. Од август 2024 е член на Рома, каде што пристигна за 18 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













