Connect with us

Слот: На 2-2 и дваесетина минути до крајот, секогаш прво го барав Диого Жота…

„Енфилд“ синоќа беше сцена на спектакл кој нема да се памети само по головите. Ливерпул славеше со 4-2 против Борнмут и го отвори својот поход во новата сезона на Премиер лигата, но вистинската тежина на вечерта не се мереше во резултат.

Ова беше првиот натпревар на „црвените“ на домашен терен по ненадоместливата загуба на Диого Жота. Илјадници навивачи стоеја во тишина и почит, а потоа стадионот грмеше со „You’ll Never Walk Alone“, изведба која остави без здив и најтврди срца.

По мечот, тренерот Арне Слот со треперлив глас призна дека е тешко да се зборува само за фудбал:
„Оваа вечер ќе ја паметам цел живот. Химната отсекогаш била посебна, но денес звучеше како никогаш досега. Кога беше 2-2 и остануваа дваесетина минути, вообичаено прво ќе го побарав Жота. Но денес, болната вистина е дека го немаше.“

Трагедијата што ја потресе целата фудбалска јавност се случи пред почетокот на сезоната, кога Жота и неговиот брат Андре Силва загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија, враќајќи се од одмор на подготовките со тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови