Во Њукасл тлее нова драма. Менаџерот Еди Хау е решен – ако Александер Исак не стави крај на неизвесноста околу својата иднина, подготвен е да го тргне од првиот тим и да го испрати меѓу резервите.
Сценариото не е ново за Хау. Во март 2023 година, Рајан Фрејзер беше изолиран од првиот тим, бидејќи не ги исполнувал барањата на стратегот. Наместо да тренира со останатите, Шкотланѓанецот заврши со младинците до 21 година – и никогаш повеќе не заигра за клубот.
Сега, на ред е Исак. Шведскиот напаѓач, еден од најважните играчи на „Сент Џејмс Парк“, одбива да се појавува на тренинзите и отворено бара трансфер во редовите на актуелниот шампион Ливерпул. Еди Хау, пак, останува непоколеблив во ставот дека ниту еден фудбалер не е поголем од тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













