
Реал Мадрид денес организираше специјална церемонија во клупската база, на која беше претставено новото засилување на клубот, Франко Мастантуоно, кој ова лето пристигна со трансфер од Ривер Плaтa.
Токму денес аргентинскиот талент наполни 18 години, со што веќе може официјално да биде дел од составот на Реал Мадрид. Пред своето претставување, Мастантуоно ги помина задолжителните медицински прегледи, го потпиша договорот и позираше пред клупската витрина со дресот со број „30“, со кој играше и во аргентинскиот великан. Броевите над 25 се наменети само за клупскиот втор тим, што значи дека „кралскиот клуб“ очигледно го чува единствениот слободен број 25 за потенцијално ново засилување во последните денови од преодниот рок.
Настанот во „Валдебебас“ започна со неколкуминутно видео со најдобрите потези на десното крило во дресот на неговиот поранешен клуб. Потоа следуваа говорите, а прв се обрати Флорентино Перез.
👕 #WelcomeMastantuono 👕 pic.twitter.com/VGACo7QOwa
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) August 14, 2025
„Денес е специјален ден. Во нашиот клуб пристигнува еден од најголемите таленти кои се појавија во светскиот фудбал во последните години. Драг Мастантуоно, честитки, затоа што денес ти се исполнува големата желба – и тоа токму на твојот роденден. Сакам посебно да го спомнам Ривер Плата – клуб со историска врска со Реал Мадрид. Чувствуваме восхит и гордост. Денес ти се приклучуваш на престижната листа на аргентински фудбалери кои биле дел од Реал Мадрид. Од денес ќе ја носиш белата фланелка со 15 европски титули. Ти благодарам за желбата да бидеш тука со нас.“
Потоа збор зеде и самиот Мастантуоно.
„Благодарам на сите што се тука, и на претседателот. Ми се исполни сонот да се приклучам на најголемиот клуб во светот. Ова е посебен ден кој ќе го паметам целиот живот. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство и пријатели, кои секогаш биле покрај мене – без вас ова немаше да биде можно. Благодарам и на сите луѓе во Аргентина, која за мене е многу специјална. Морам да продолжам да учам, но тие вредности ги носам од мојата околина. Ветувам дека ќе му го посветам животот на овој дрес. Ова е сон кој отсекогаш сум го имал. Благодарам на луѓето во клубот за довербата. На теренот ќе игра еден навивач на овој тим. Ви благодарам на сите и Хала Мадрид“, истакна младиот Аргентинец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Немања Матиќ го раскина договорот со Лион

Евро-фудбал
Џејдон Санчо пред трансфер во Рома

Интернационалци
Талентираниот Адмир Љатифи потпиша за Осијек

Евро-фудбал
ПСЖ и Тотенхем во битка за Суперкупот на Европа
