
Барселона доби дозвола да го регистрира Жоан Гарсија како резервен голман, откако повредата на грбот на Марк-Андре тер Штеген беше оценета како „долгорочна“, соопштија од каталонскиот клуб.
Германскиот репрезентативец Тер Штеген имаше спор со клубот околу повредата, тврдејќи дека ќе отсуствува само три месеци по операцијата. Правилата на Ла Лига налагаат играч да не настапува најмалку четири месеци за да се смета за долгорочно отсутен, што би ѝ овозможило на Барселона да не исплаќа дел од неговата плата.
FC Barcelona statement
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 13, 2025
Ла Лига се согласи дека повредата на 33-годишниот тер Штеген ги исполнува овие критериуми, па каталонците ќе се обидат да го регистрираат поранешниот голман на Еспањол, Жоао Гарсија, навреме за првиот меч од новата сезона против Мајорка во сабота.
„Барселона објавува дека медицинската комисија на Ла Лига утврдила дека повредата на голманот Марк-Андре тер Штеген ги исполнува критериумите за долгорочна, утврдени со важечките прописи. Клубот ќе пристапи веднаш кон официјална регистрација на играчот Жоан Гарсија“, стои во соопштението на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal