
Голманот на Тотенхем, Гиљелмо Викарио, не го сокри разочарувањето по поразот на пенали од Пари Сен Жермен во финалето на Суперкупот на Европа. Неговиот тим водеше со 2-0 до финишот, но дозволи изракнување (2-2) и загуби по изведувањето на пенали.
Италијанецот изјави дека овој пораз навистина боли.
„Можеме да извлечеме многу позитивни работи од овој натпревар, затоа што одигравме добро и го исполнивме нашиот план. Водевме со 2-0 и токму затоа овој пораз боли уште повеќе — мечот го држевме во свои раце. Но, таков е фудбалот, а и ПСЖ е одличен тим. Пред почетокот на натпреварот сите очекуваа дека ПСЖ ќе има лесна вечер. Сега, меѓутоа, овој пораз навистина боли и тешко се прифаќа“, изјави Викарио.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal