Connect with us

Баерн доби ултиматум од три дена за трансферот на Ник Волтемаде

Баерн Минхен има време до петок да го ангажира напаѓачот на Штутгарт, Ник Волтемаде. Во сабота двата тима ќе се соочат еден против друг во мечот за Суперкупот „Франц Бекенбауер“.
Популарните Шваби сакаат до тогаш да имаат јасна слика за иднината на својот фудбалер.

Досега Штутгарт одби две понуди од баварците за Волтемаде. Германскиот шампион веќе има постигнато договор со напаѓачот.

„Во сабота играме за Суперкупот на Германија. Најдоцна до почетокот на натпреварот сè треба да биде разјаснето“, изјави шефот на Штутгарт, Александер Верле.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови