Џанлуиџи Донарума и официјално стави крај на својата авантура во ПСЖ, испраќајќи емотивна порака до навивачите и потврдувајќи дека кариерата ќе ја продолжи во друг клуб. Италијанскиот голман заминува во неочекуван момент, само неколку месеци по освојувањето на Лигата на шампионите.
„Од првиот ден дадов сè, на теренот и надвор од него, за да го заслужам моето место и да го бранам голот на ПСЖ. За жал, некој одлучи дека повеќе нема да бидам дел од тимот. Се надевам дека ќе имам можност лично да се збогувам со навивачите. Ваша поддршка ми значеше сè, а спомените од магичните ноќи на ‘Паркот на принцовите’ ќе ги носам засекогаш“, напиша Донарума.
Тој се заблагодари и на соиграчите, нарекувајќи ги „второ семејство“ и истакна дека играњето за клубот и животот во Париз биле огромна чест.
Донарума пристигна во ПСЖ во 2021 година од Милан и во изминатите три сезони освои повеќе трофеи, вклучително и Лигата на шампионите, оставајќи силен белег во францускиот гигант.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













