
Фудбалерите на Реал Мадрид остварија убедлива победа од 0-4 на гостувањето кај австрискиот клуб Тирол во пријателски натпревар. Тренерот Чаби Алонсо изведе силен состав, со единствено отсуство на Феде Валверде поради лесна повреда, а неговото место го зазеде Дани Себалјос.
Почетниот состав гласеше: Куртоа, Трент Александер-Арнолд, Милитао, Хујсен, Карерас, Чуамени, Себалјос, Арда Ѓулер, Брахим Дијаз, Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе.
„Кралевите“ рано ја презедоа контролата – во 11. минута Милитао, по асистенција на Дијаз, го отвори резултатот, а само две минути подоцна Ѓулер маестрално го проигра Мбапе, кој со прецизен удар од свртување зголеми на 0-2.
Во вториот дел, Французинот повторно се запиша во листата на стрелците во 59. минута, овојпат по додавање од Чуамени, мина покрај голманот и лесно реализираше. Коначните 0-4 ги постави Родриго, кој по асистенција од Мбапе убаво погоди во далечниот агол од левата страна.
Реал Мадрид новата сезона ја отвора на 19 август, кога на „Сантијаго Бернабеу“ ќе ја пречека Осасуна.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal
