
Шкендија ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на шампионите, откако на гостувањето во Баку доживеа убедлив пораз од Карабах со 5-1. Македонскиот првак застана во третото коло, но продолжува во плеј-офот за пласман во Лигата на Европа.
По мечот, тренерот Јетон Беќири призна дека неговиот тим бил далеку од потребното ниво и дека Карабах заслужено оди во плеј-офот на ЛШ.
„Честитки за Карабах, ја заслужија победата и беа многу подобри. Немам што да додадам за овој пораз од 1-5. Лошо го одигравме првото полувреме, примивме многу рани голови и имавме проблеми и во физичкиот интензитет и во тактиката. Ќе направиме анализа и ќе се подготвиме за плеј-офот во Лига Европа. Не очекувавме ваков резултат, но мора да извлечеме поуки“, изјави Беќири.
Во плеј-офот од Лига Европа, Шкендија ќе се сретне со поразениот од двомечот меѓу Лудогорец (Бугарија) и Ференцварош (Унгарија).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal