Манчестер Сити воспостави контакт со ПСЖ за да ги разгледа условите за евентуален трансфер на Џанлуиџи Донарума, откако стана јасно дека францускиот шампион сака да се раздели со италијанскиот голман.
„Граѓаните“ го насочија вниманието кон Донарума поради очекуваното заминување на првиот голман Едерсон во Галатасарај. Иако Сити нема проблем со личните барања на 26-годишниот чувар на мрежата, цената од околу 50 милиони евра што ја бара ПСЖ се смета за превисока, особено со оглед на тоа што договорот на Донарума истекува следното лето.
Од Челси нема интерес за италијанскиот репрезентативец, што ја олеснува позицијата на Сити. Tрансферот би бил можен само доколку Едерсон дефинитивно го напушти клубот.
Во меѓувреме, Едерсон веќе се договорил со Галатасарај за тригодишен договор со годишна плата од 7 милиони евра, додека понудата на турскиот шампион кон Манчестер Сити изнесува 3 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













