Connect with us

Цунами ја зафати Шкендија во Баку, Карабах беше надмоќен и постигна пет гола

Македонскиот првак Шкендија е елиминиран од квалификациите во Лигата на шампионите, откако во реваншот загуби со 5-1 од Карабах во третата рунда. Сега Шкендија се сели во квалификациите за Лигата на Европа каде ќе го очекува поразениот од пресметката меѓу Ференцварош и Лудогорец.

Шкендија поведе, но до крајот на полувремеро азербејџанскиот шампион направи пресврт и имаше предност од убедливи 4-1.

Сонот на Шкендија траеше само 10 минути – Тамба, по одлично додавање од Ибраими, донесе сензационално водство за 0-1 и тишина на стадионот „Тофик Бахрамов“. Но, само шест минути подоцна, автоголот на Цаке го врати Карабах во игра, а потоа следуваше целосна офанзива на домашните.

Кади, Акундзаде и Јанковиќ од пенал ја запечатија доминацијата со 4-1, оставајќи ја Шкендија без многу шанси за враќање во овој дуел.

Во второто полувреме Карабах постигна уште еден гол преку Леандро Андраде и го запечати триумфот, за конечни 5-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови