
Македонскиот првак Шкендија губи од Карабах со 4-1, по првото полувреме од реванш мечот во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, што се игра во Баку. Резултат можеше лесно да биде и поубедлив за домашниот тим, иако на почетокот Шкендија имаше водство.
Сè почна одлично за тетовци. Веќе во 10. минута Тамба, по маестрална асистенција на Ибраими, го замолкна „Тофик Бахрамов“ стадионот со погодок за 0-1. Сепак, радоста траеше кратко. Само шест минути подоцна, несреќниот автогол на Цаке донесе израмнување, а од тој момент натаму започна целосна доминација на Карабах.
Пред голот на Шкендија следеше вистинска канонада од шанси, а Кади, Акундзаде и Јанковиќ од пенал зголемија на 4-1.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal