Connect with us

Шкендија ќе се обиде да направи чудо во Баку и да го елиминира Карабах

Македонскиот првак Шкендија вечерва во Баку од 18 часот ќе го одигра реваншот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Тетовци тргнуваат со негатива од 0-1 од првиот меч во Скопје, но веруваат дека можат рамноправно да се носат со шампионот на Азербејџан и да изборат пласман во следната фаза.

Тренерот Јетон Беќири најави дека Шкендија ќе наметне офанзивна и храбра игра, затоа што нема што да загуби на дуелот во Азербејџан.

„Во Скопје одигравме еден израмнет меч против силен тим како Карабах. Имавме шанси за гол, но не ги реализиравме. Се надевам дека во Баку ќе биде поразлично. Ќе играме агресивно и ќе бараме гол уште во првиот дел, па ќе видиме што ќе донесе натпреварот“, изјави Беќири.

Играчот за врска Камер Ќака ја сподели истата енергија.

„Очекуваме тежок натпревар, но одиме со максимално позитивни вибрации. Играме против многу силен противник, но ќе дадеме сѐ од себе и се надеваме на победа“, порача тој.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови