Connect with us

Македонија ќе одигра пријателски меч со Саудиска Арабија на 4. септември во Прага

Македонската фудбалска репрезентација на 4 септември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Саудиска Арабија, во рамките на официјалниот ФИФА термин. Средбата ќе се одржи на стадионот „Викторија“ во Прага, Чешка, со почеток во 17 часот.

Ова ќе биде трет меѓусебен дуел меѓу двете селекции. Првата средба се одигра на 1 август 2001 година во Ријад и заврши 1-1, додека вториот меч беше на 22 октомври 2022 во Абу Даби, кога Саудиска Арабија победи со 1-0 во натпревар на кој за Македонија настапија играчи од домашниот шампионат.

Контролниот натпревар во Прага ќе биде значаен тест за избраниците на селекторот Благоја Милевски, кој ќе има можност да ја провери формата и тактичките идеи пред продолжението на квалификациите за Светското првенство 2026. Само три дена подоцна, на 7 септември, нашата селекција ќе го пречека Лихтенштајн на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во квалификациски натпревар.

Фото: ФФМ

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови