Connect with us

Елиф Елмас би можел повторно да заигра за Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел повторно да го облече дресот на Наполи, јавува „Кориере дело Спорт“. Според информациите, постои реална можност тој да се врати во клубот со кој ја освои титулата во Серија А.

Минатата сезона Елмас настапуваше како позајмен играч во Торино, откако во Лајпциг немаше голема минутажа. Сега Наполи планира да испрати официјална понуда до бундеслигашот, но засега не е познато дали германскиот клуб ќе биде подготвен да го пушти во Италија.

Во својата досегашна кариера, Елмас настапуваше за Работнички, Фенербахче, Наполи, Лајпциг и Торино.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови