Connect with us

За посилен напад: Струга ТЛ го доведе и Ѓорѓе Ивковиќ

Струга Трим Лум го претстави своето ново засилување за претстојната сезона, а тоа е напаѓачот Ѓорѓе Ивковиќ. По потврдувањето на Алтин Алији, двократниот македонски шампион сега добива уште една „деветка“ во својот состав.

Ивковиќ не е непознато име во македонскиот фудбал, бидејќи од јануари 2024 до февруари оваа година настапуваше за Брера. Во ПМФЛ српскиот напаѓач одигра 31 натпревар и постигна 17 голови, што укажува на тоа дека ќе претставува значајно засилување за тимот од Струга.

Во пролетниот дел од минатата сезона, Ѓорѓе Ивковиќ настапуваше за казахстанскиот Актобе каде одигра 10 натпревари, постигна еден гол и забележа една асистенција. Овој клуб му беше втор по ред во Казахстан, откако претходно играше и за Акжајик.

Во својата богата кариера, Ивковиќ имаше настапи во многу клубови, меѓу кои се Колубара, Турбина, Јединство Уб, Бежанија, Слобода Ужице, Спартак 1924, Анкаран, Телепото Оптикс, Синѓелиќ, Железничар Панчево, Раднички Срем, Златибор, ИМТ и Лачи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови