Силекс со стил ја започна новата сезона во Првата лига, совладувајќи ја Брера со убедливи 5-0 во Кратово. Иако првото полувреме помина без голови, клучниот момент се случи уште во 28. минута, кога Никола Величковски од гостинскиот тим доби директен црвен картон по груб старт врз Ѓорѓе Џеков.
Со играч повеќе, Силекс трпеливо го чекаше својот момент и експлодираше во вториот дел. Мигел Пиреш со прецизен удар со глава, по центаршут на Рајков, го отвори резултатот во 47. минута. Само шест минути подоцна, Кристијан Ефтимов со брилијантна соло акција од левата страна зголеми на 2-0, а Илија Донов во 57. минута ја зголеми предноста на три гола.
Во финишот, домаќините не застанаа. Кристијан Велиновски погоди во 85. минута, а Пиреш со силен удар од далечина во последните моменти го запечати триумфот на 5-0.
Оваа победа е силна најава дека кратовци имаат големи амбиции за новата сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













