Connect with us

Струга ТЛ се засили со Алтин Алији

Струга Трим Лум го претстави своето најново засилување, 18-годишниот офанзивец Алтин Алији. Иако е на почетокот од својата кариера, Алији веќе има солидно искуство во македонската Прва лига, а сега ќе има можност својот талент да го покаже во дресот на двократниот македонски шампион.

Младиот фудбалер пристигнува од косовскиот шампион Балкани, каде што се пресели минатото лето од Македонија Ѓорче Петров. Токму таму, во дресот на „лавовите“, првпат го привлече вниманието на фудбалската јавност со својата игра.

Алији својот сениорски деби го имаше на само 16 години – на 13 ноември 2022 година, на возраст од 16 години, 2 месеци и 19 дена. Оттогаш, одигра 32 натпревари во Првата лига и постигна два гола, покажувајќи дека пред него е светла фудбалска иднина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови