Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска ги објави цените за влезници за домашните натпревари во шампионатот, кои ќе бидат по прифатливи и популарни цени.
Од управата на скопскиот тим соопштија дека на последната седница на Одборот на директори е донесена одлука влезниците за јужната трибина да чинат 200 денари, додека за источната трибина цената ќе изнесува 100 денари.
„На последната редовна седница на Одборот на директори на АД ФК Вардар е донесена одлука цената на билетите за сите домашни натпревари на ФК Вардар до крајот на сезоната 2025/26 да биде 200 денари за јужната трибина и 100 денари за источната. Навиваме за Вардар!“, стои во официјалното соопштение на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













