Кристал Палас успеа на пенали да го победи англискиот првак (3-2) и го освои трофејот “Комјунити Шилд”, што е вовед во новата сезона во Англија.
Ливерпул по четири минути игра ја затресе мрежата на Кристал Палас со голот на Хуго Екитике, но лондонскиот тим возврати преку Жан-Филип Матета во 17. минута и израмни на 1-1.
Џереми Фримпонг четири минути подоцна го совлада Дин Хендерсон за 2-1, но Кристал Палас повторно израмни преку Исмаила Сар во 77. минута за 2-2 по регуларниот дел.
Пенал-рулетот почна лошо за „црвените“, откако Мохамед Салах го промаши голот, а Матета донесе предност за Кристал Палас.
Мекалистер не беше прецизен во вториот обид за Ливерпул, но ниту Езе не погоди, по што успешни од белата точка беа Гакпо и Сар.
Елиот го промаши и третиот пенал за актуелниот англиски шампион, но на спротивната страна не успеа да реализира Соса.
Шобошлаи беше успешен изведувач за Ливерпул, но победата на лондонскиот состав ја потврди Девени.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













