Уште еден стабилен прволигаш, очекува сезоната во Прва МФЛ да биде успешна. Тоа е тимот на Тиквеш од Кавадарци кој во сезоната 2025/26 година влегува со нова сопственичка структура.
„Сите знаеме дека со доаѓањето на новиот сопственик на клубот, Осман Таш, амбициите на ФК Тиквеш се далеку посериозни. Како на организациски план, така и на резултатски. Минавме одличен главен дел од подготовките во Турција, имавме и повеќе од доволно време да се воиграме, новите играчи да се адаптираат на средината, градот, клубот и мислам дека сме на добар пат“, вели напаѓачот Александар Мишов за официјалниот сајт на ФФМ.
„Тиквеш како клуб, а тука пред се мислам на управата, стручниот штаб и играчите на почетокот на подготовките си поставивме јасна цел. Да сме подобро пласирани на табелата од минатата сезона. Од она што летово го видов, а и го одработивме, јас сум оптимист. Мислам дека Тиквеш има квалитет да биде на местата на табелата кои што водат во Европа. Но, одиме чекор по чекор“, додава Мишов, за да поентира со претстојниот дуел викендов против Работнички, инаку прв од годинашниот шампионат за кавадарчани.
„Голем респект за тимот на Работнички. Сите знаеме за каков клуб станува збор. Ќе сториме се за бодовите да останат во Кавадарци. И за нас како клуб, но пред се за нашите верни Лозари, кои го заслужуваат тоа“, изјавува Мишов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













