Connect with us

Струга ТЛ ги смири „лавовите“, Башкими и Арсими ремизираа

Струга Трим Лум ја совлада Македонија ЃП со 2-0, а Башкими и Арсими ремизираа 1-1 во Куманово во денешните два натпревари од првото коло во Првата фудбалска лига.

Струга Трим Лум ги оправда очекувањата и на домашен терен го совлада Македонија ЃП со 2-0 во првото коло од новата сезона. Триумфот е заслужен за тимот од Струга, додека Македонија ЃП доби јасна порака дека има уште многу работа за да го подигне нивото.

Натпреварот започна со помирен ритам и без значајни шанси, а првите возбудувања пристигнаа во финишот на првото полувреме, кога Компаоре погоди, но по проверка на ВАР, голот не беше признат поради игра со рака — првпат во ПМФЛ.

Само неколку моменти подоцна, Маудо Ламин Жарју со удар глава донесе водство за Струга ТЛ.

Во второто полувреме, Струга ја имаше контролата, а конечниот резултат го постави Компаоре во 75. минута.

Башкими и Арсими ремизираа 1-1. Бесагиќ од слободен удар го доведе Арсими во водство во 31.минута, а во вториот дел израмни Марко Симоновски. Тој упати силен судар со глава по нафрлувањето од левата страна, а потоа одлично реагираше и на одбиената топка и ја смести во мрежата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови