
Менaџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, откри зошто клубот се одлучил да го доведе словенечкиот напаѓач Бењамин Шешко, кој денес официјално беше претставен како нов член на „црвените ѓаволи“.
Шешко ќе ја преземе улогата на централен напаѓач во тимот, а неговото доаѓање е дел од целосната реконструкција на офанзивната линија на Јунајтед, по трансферите на Матеус Куња и Брајан Мбеумо.
За трите засилувања клубот издвои над 200 милиони фунти.
„Тој ги има токму оние квалитети што ни беа потребни. Според информациите што ги добивме, Бен е играч кој работи толку напорно што понекогаш мора да го запреме. Тоа е навистина важно. Млад е, силен е во играта со глава, умее да ја контролира топката и одлично го користи просторот. Потенцијалот му е огромен, а верувам дека може уште многу да напредува. Ќе се вклопи совршено во клубот и е вистинскиот карактер за нашата група. Навистина сме среќни што е со нас“, изјави Аморим за клупската телевизија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal