Во пресрет на историското прво учество на Арсими 1973 во Првата македонска фудбалска лига, по 52 години од основањето, клубот на денешниот дуел против Башкими 1947 ја потенцира својата посветеност кон квалитетна игра и стремеж за добар впечаток.
„Веруваме дека ќе бидеме подготвени да прикажеме тим кој игра со срце, почит и достоинство, а пред сè го почитува противникот и ги негува фер-плеј принципите. Само со таков пристап ќе им овозможиме на нашите навивачи и на љубителите на фудбалот да уживаат во натпреварите, додека нашиот клуб со гордост и достојанство ќе се бори за позитивни резултати“, изјави претседателот Амир Билали за сајтот на ФФМ.

Капитенот на Башкими, Арменд Алими, истакна во најавата за мечот:
„Очекува тешка и неизвесна средба. Целосно сме подготвени и мотивирани да ја стартуваме сезоната со победа. Играме на домашен терен и верувам дека со поддршката од бројната публика ќе славиме триумф на крајот.“
Натпреварот меѓу Башкими и Арсими се игра од 17.30 часот на стадионот во Куманово.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













