Димитар Данев имаше деби за паметење во дресот на најтрофејниот македонски клуб, Вардар, во Првата фудбалска лига, откако летово ги засили „црвено-црните“ од Работнички. Тој беше херојот на својот тим на дербито со Пелистер, постигнувајќи два погодоци во убедливата победа (4-1) на отворањето на новата сезона.
По натпреварот, младиот вардарец не ја криеше радоста за двата гола, но ја подели заслугата со сите играли.
„Пресреќен сум. Подобро деби и не можев да замислам, а уште помалку да очекувам дека ќе постигнам два гола на дербито. Горд сум на соиграчите, тие секако се најзаслужни и за моите голови. Освоивме три бода на стартот, одиме понатаму, се надевам дека ќе има уште многу победи и дека ќе ги радуваме нашите навивачи“, изјави Данев по дербито со Пелистер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













