Connect with us

Матиќ: Вечно дерби, под рефлектори, пред нашите гледачи…Вардар сака победа!

Првиот ден од новата сезона во Првата МФЛ ни го носи вечното дерби македонско дерби меѓу Вардар и Пелистер. Двата најголеми македонски ривали ќе се сретнат вечерва од 20:00 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Амбициите на двата клуба на стартот на сезоната се големи, а дел од нив, како и самата атмосфера пред дуелот ни ја пренесува дефанзивецот на Вардар, интернационалецот од Хрватска, Мислав Матиќ.

„Конечно стартува шампионатот за кој се подготвувавме цело лето. По успешната европска авантура, сега целосно сме фокусирани на домашното првенство. Не може да се посака подобар старт, вечно дерби против Пелистер, под рефлектори, пред нашите навивачи. Вистинско уживање. Сконцентрирани сме, подготвени и максимално мотивирани“, изјави Матиќ за сајтот на ФФМ.

Хрватскиот дефанзивец не ги потценува битолчани и додава:

„Пелистер е незгоден противник и сигурно ќе дојде во Скопје по позитивен резултат. Но, ние сме Вардар, играме дома, во идеални услови и ќе дадеме се од себе за трите бода со помош и на нашите верни навивачи“.

Фото: ФФМ

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови