Тренерот на Карабах, Гурбан Гурбанов, го најави првиот меч против Шкендија од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите. Тој вели дека Шкендија е одличен тим и на Карабах воопшто нема да му биде лесно да ја оствари целта.
„Не очекува исклучително важен натпревар. Бидејќи првиот дуел се игра на гостински терен, тоа им носи мала предност на противниците. Се соочуваме со тим кој веќе забележа две победи дома и покажува добра форма. Ќе мораме од самиот старт до последната минута да бидеме фокусирани и да го демонстрираме нашиот менталитет. Тоа ќе биде клучно. Шкендија е квалитетна екипа, но ние ќе се обидеме да одиграме дисциплинирано и борбено. Очекувам да се вратиме со добар резултат“, изјави тренерот на шампионот од Азербејџан.
Дуелот меѓу Шкендија и Карабах ќе се одигра утревечер, со почеток во 20 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













