Раководството на актуелниот освојувач на Купот, Вардар, ги пушти во продажба билетите за претстојното големо дерби против вечниот ривал Пелистер, што ќе се одигра во првото коло од Првата македонска фудбалска лига.
По елиминацијата од Лозана во европските квалификации, „црвено-црните“ сега целосно се фокусираат на натпреварите од домашниот шампионат, каде ќе се стремат кон највисоките позиции.
Билетите за натпреварот со битолскиот тим се достапни преку продажната мрежа на „МкТикетс“, по цена од 300 денари.
Средбата меѓу Вардар и Пелистер ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ на 8 август, со почеток во 20 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













