
Македонскиот шампион Шкендија го дозна и можниот ривал за плејофот во Лигата на Европа. Во случај да биде елиминирана од Карабах во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, Шкендија ќе се соочи со поразениот од двобојот меѓу Лудогорец и Ференцварош во завршната рунда од квалификациите за ЛЕ.
Двата меча се закажани за 21 и 28 август. Првиот натпревар ќе се игра во Скопје, а реваншот на гостински терен.
Интересно е што ако Шкендија успее да го совлада Карабах, тогаш во плејофот за влез во групната фаза од Лигата на шампионите ќе игра против победникот од истиот дуел меѓу бугарскиот и унгарскиот шампион.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Барселона ќе го суспендира Тер Штеген?
