Connect with us

Лео Меси уште три години во Интер Мајами, но и два услови за предвремена разделба

Суперѕвездата на Интер Мајами, Лионел Меси, ќе потпише нов договор со клубот, објавува „Каталуња Радио“.

Според изворот, новиот договор со 38-годишниот Аргентинец ќе биде објавен наскоро. Спогодбата ќе важи до 2028 година, при што на крајот на 2026 година напаѓачот ќе има право да ја раскине, а на крајот на 2027 година клубот ќе може да го прекине договорот.

Меси настапува за Интер Мајами од летото 2023 година. Тој има одиграно 69 натпревари за тимот од Флорида, при што постигнал 58 голови и запишал 28 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови