Сагата околу потенцијалниот трансфер на Виктор Ѓокереш во Арсенал е далеку од својот крај. Иако изгледаше дека Спортинг Лисабон постигнал договор со лондонскиот клуб за 70 милиони евра плус дополнителни 10 милиони во форма на бонуси, преговорите се заглавени во ќорсокак.
Според информациите на португалскиот „Рекорд“, проблемот лежи во клаузулите за бонусите. Спортинг инсистира условите за добивање на тие дополнителни 10 милиони евра да бидат лесно остварливи, додека Арсенал не се согласува со тоа.
Сѐ уште постои шанса договорот да се реализира, но исто така има и сериозен ризик преговорите целосно да пропаднат. Тоа би можело да предизвика јавна реакција од агентот на Ѓокереш, Хасан Четинкаја, како и од самиот фудбалер.
Шведскиот репрезентативец веќе постигнал договор со Арсенал околу личните услови и е подготвен да го облече дресот на „топчиите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













