Алваро Карерас (22) повторно е дел од Реал Мадрид. Младиот шпански лев бек пристигнува од Бенфика за трансфер вреден 50 милиони евра, сума што „кралевите“ ќе ја исплатат во рати. Договорот на Карерас со мадридскиот гигант важи до 2031 година.
Карерас одигра силна сезона во Бенфика, со 52 настапи, четиро гола и пет асистенции во сите натпреварувања. Во Реал доаѓа да ја засили конкуренцијата на левата страна од одбраната, каде конкурираат и Фран Гарсија и Ферлан Менди.
🤩 #WelcomeCarreras 🤩 pic.twitter.com/JYilQxDBma
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) July 14, 2025
Ова е четврто засилување за тимот на Шаби Алонсо летово, по трансферите на Трент Александер-Арнолд, Дин Хујсен и Франко Мастантуоно.
Карерас не е непознато име за Реал – беше дел од нивната академија до 17 години, пред да замине во Манчестер Јунајтед. Таму не доби вистинска шанса, и по неколку позајмици – вклучувајќи ја и онаа во Бенфика – беше продаден за 6 милиони евра. Јунајтед имаше можност да го врати за 18 милиони, но не ја искористи таа опција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













