Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ, пристигна во Милано. Хрватскиот ас слета на аеродромот „Малпенса“ со приватен авион од Мадрид нешто по 10 часот.
Денешниот ден ќе биде интензивен за 39-годишниот фудбалер. Најпрво ќе помине медицински прегледи во клиниката „Ла Мадонина“, потоа ќе изврши дополнителни тестирања во „Сентро Амброзијано“, ќе го потпише договорот со Милан и ќе ја посети клупската база, каде што ќе се сретне со тренерот Масимилијано Алегри и своите нови соиграчи.
LUKA MODRIC IS HERE!pic.twitter.com/SeMzUXSK8o
— Milan Posts (@MilanPosts) July 14, 2025
Иако денот му е исполнет со обврски, Модриќ ќе остане во Милано само еден ден. Веќе вечерва ќе отпатува за Загреб за да се одмори по напорната сезона. Италијанските медиуми објавуваат дека со подготовките со Милан ќе ги започне на почетокот од август.
Неговиот последен натпревар во дресот на Реал беше минатата среда, кога „кралскиот клуб“ беше поразен со убедливи 0:4 од Пари Сен Жермен во полуфиналето на Светското клупско првенство.
Модриќ пристигнува во Милан како слободен агент и ќе потпише договор на една година. Според информациите, неговата годишна плата ќе изнесува 4 милиони евра.
„Среќен сум што сум тука, ме очекуваат големи предизвици“, изјави кусо Модриќ при излегувањето од аеродромот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













