Нуман Ајети е најновото засилување на Шкендија. Младиот дефанзивец доаѓа во тетовскиот тим од Шкупи.
„Ајети, 19 години, е лев бек со голем потенцијал, кој ја покрива и позицијата централен бек. Тој доаѓа во Шкендија по многу позитивна сезона со Шкупи, каде што имаше првотимски статус и покажа стабилност и зрелост над своите години.
Тој покажува добра форма и на меѓународната сцена, како дел од репрезентацијата на Македонија до 21 година“, се вели во соопштението на Шкендија.
Шампионот истовремено објави дека се раздели со Зија Мерџани и Ристо Јанков.
„Зија Мерџани и Ристо Јанков повеќе нема да бидат дел од Шкендија, а клубот им се заблагодарува на двајцата играчи за нивниот придонес во црвено-црниот дрес. Со завршувањето на сезоната 2024/25, договорот на Мерџани истече, а играчот не ги прифати понудените услови за обновување. Во меѓувреме, Јанков беше под договор, но раководството одлучи да ја прекине соработката, за да му се даде можност на играчот да најде средина каде што ќе има повеќе минути за играње“, истакна тетовскиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













