Српскиот фудбалер Душан Тадиќ го напушти Фенербахче минатата недела заедно со Един Џеко, а сега можно е да се врати во татковината, пренесуваат српските медиуми.
Раководството на Црвена Звезда започнало „специјална операција“, бидејќи влегло во преговори за доведување на Тадиќ на „Маракана“.
„Раководството на Црвена Звезда започна специјална операција, чиј позитивен исход може да значи активирање на бомба на деценијата“, истакнуваат медиумите во Србија.
Тадиќ има 36 години и би бил капитално засилување за Звезда во обидот да се пласира во групната фаза на Лигата на шампионите следната сезона.
Досега Црвена Звезда се засилуваше главно во одбраната, доведувајќи ги Милош Вељковиќ од Вердер и Родригао од Зенит, а се очекува и доаѓање на Наир Тикнизјан од Локомотива Москва.
Потписот на Тадиќ би бил еден од најголемите трансфери во Србија во последните неколку години.
Тадиќ во последните две сезони го носеше дресот на Фенербахче, каде на 109 натпревари постигна 29 голови и асистираше за уште 35. За репрезентацијата на Србија има 111 настапи.
Тој својата кариера ја започна во Војводина, а пред Фенер играл и за Гронинген, Твенте, Саутемптон и за Ајакс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













