
Хрватската фудбалска легенда Лука Модриќ ја прифати понудата на Милан и од следната сезона ќе го носи дресот на „росонерите“, пренесува реномираниот италијански весник „Ла Република“.
Според истите извори, 39-годишниот плејмејкер се договорил за едногодишен договор, а остануваат уште неколку административни детали пред трансферот да биде официјално објавен.
Модриќ неодамна ја потврди својата заминување од Реал Мадрид, клубот каде што помина 12 сезони, освои пет титули од Лигата на шампионите и се запиша во историјата како еден од најдобрите играчи на „кралскиот клуб“. Реал му приреди емотивно збогување на „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на Светското клупско првенство.
Новиот тренер на Милан, Масимилијано Алегри, инсистираше на ангажманот на Модриќ како приоритет во летниот преоден рок. И покрај поодминатите години, искусниот хрватски репрезентативец треба да биде клучна фигура во средниот ред, особено ако Тијани Рејндерс го напушти клубот во корист на Манчестер Сити.
Иако имаше понуди од Саудиска Арабија и САД, Модриќ решил да остане во Европа, со цел да ја одржи формата на највисоко ниво во пресрет на Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Останува Милан и официјално да го потврди трансферот и да го претстави Модриќ како ново засилување пред навивачите на „Сан Сиро“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
