
Новиот европски шампион Пари Сен Жермен веќе ги подготвува првите засилувања за следната сезона, а меѓу главните желби се наоѓа младиот украински репрезентативец Иља Забарниј, пренесуваат британските медиуми.
Според информациите, спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос, во текот на неделата престојувал во Англија со цел да започне преговори со Борнмут за потенцијален трансфер. 22-годишниот стопер е еден од најстандардните играчи на тимот оваа сезона, при што пропушти само два натпревари во Премиер – лигата.
Забарниј пристигна во Борнмут во јануари 2023 година од Динамо Киев за сума од 22,7 милиони евра, и за кратко време стана клучна фигура во одбраната на англискиот клуб. Покрај ПСЖ, за него во минатото интерес покажаа и други европски гиганти, меѓу кои и Њукасл.
ПСЖ по освојувањето на Лигата на шампионите има за цел да изгради уште поконкурентен состав и веќе започна со планирање на иднината. Забарниј се смета за долгорочна инвестиција и потенцијален столб на одбраната во годините што следат.
Сепак, останува да се види дали Борнмут ќе биде подготвен да се раздели со еден од своите најважни фудбалери и каква сума ќе бара за неговите услуги.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона

Евро-фудбал
Милан го расипа дебито на Вирц за Ливерпул

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски
