Сагата околу иднината на Нико Вилијамс повторно е актуелна летово, слично како и минатата година кога се шпекулираше со негов премин во Барселона. Иако тогаш остана во Атлетик Билбао и ја прифати „десетката”, повторно е во центарот на трансфер шпекулациите – но сега главната пречка е финансискиот аспект на евентуалниот трансфер.
Според последните информации, иако интерес постои од Реал Мадрид, Барселона, Арсенал, Челси, па дури и Ливерпул, ниеден клуб во моментов не е подготвен да ги исполни сите финансиски услови што ги бараат Вилијамс и неговите агенти.
Откупната клаузула е „само“ 58 милиони евра, што е реална цена за играч од негов квалитет, но тој бара годишна плата од над 10 милиони евра нето, плус, се бара и значајна агенциска провизија, нешто невообичаено за играчи кои не се слободни агенти.
Атлетик Билбао е подготвен да го задржи и на долг рок: подготвуваат нов договор кој би го направил најплатен играч во историјата на клубот, и со тоа би се зголемила и сегашната излезна клаузула (58 милиони евра), што значи потенцијално многу потежок трансфер во иднина.
Вилијамс би добил: уште поголем статус во клубот и регионот, плата која му одговара, настапи во Лигата на шампиони со Атлетик (поради висок пласман во Ла Лига), но и значително намалена флексибилност за трансфер во елитен клуб во иднина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













