
Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар би можел повторно да го напушти Сантош, само пет месеци по спектакуларното враќање во клубот каде што ја започна својата кариера. Според бразилските медиуми, 32-годишниот офанзивец размислува за нова дестинација, откако не успеа да остави позначаен белег во екипата.
Сантош, кој се натпреварува во бразилската Серија А, по 11 одиграни кола се наоѓа на 18. позиција на табелата и се соочува со сериозна борба за опстанок. Нејмар досега има само четири настапи во лигата, без постигнат гол, а во последниот натпревар доби црвен картон поради намерно играње со рака во обид да постигне гол.
„Понекогаш премногу сакам да дадам гол и правам грешки. Се извинувам на соиграчите и навивачите. Да не ме исклучеа, ќе освоевме три бода“, изјави Нејмар по натпреварот.
Иако беше пречекан со голема еуфорија при враќањето од Ал-Хилал во јануари, неговиот придонес е далеку од очекуваното. Според информациите од клубот, Нејмар ќе ја пропушти следната средба поради суспензија, а управата и самиот фудбалер ќе донесат одлука за неговата иднина на 12 јуни.
Нејмар замина од Сантош во 2013 година во трансфер вреден 88 милиони евра во Барселона, по што следуваше рекордниот трансфер во ПСЖ за 222 милиони евра. Последните две години често се соочуваше со повреди и проблеми со формата, што дополнително ја доведува во прашање неговата кариера на највисоко ниво..

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
